Брза солена пита (фото)

Киш води потекло од Франција, и всушност е солена пита од лиснато тесто со фил од јајца и млеко.

Состојки:

200 гр брашно

100 гр путер

малку сол

70 мл вода

100 гр сланина или друго месо

100 шунка

100 гр кисели краставички

4 јајца

1 дл кисела павлака

Начин на подготовка:

Краставичките и шунката исечкајте ги на коцкички. Сланината на помали листови. Во просеаното брашно ставете сол, додадете го ладниот путер исечен на коцкички. Со рацете протријте го брашното и путерот додека не добиете трошливо тесто. Додадете вода и замесете меко тесто.

Тестото направете го во круг, нешто поголем од садот за печење (тавче 26), преместете го на неподмачкан плех и подигнете ги краевите. Тестото малку издупчете го со виљушка и ставете го да се пече.