Брза пита со спанаќ и јајца

Наместо да пржите, подгответе ја оваа пита која личи на фритата во рерна. 

Состојки:

Една лажица маслиново масло
Еден мал кромид исечкан на коцкички
Една и пол лажичка сол
200 гр спанаќ
Две ситно исечкани чешниња лук
Две лажици ситно исечкан свеж копар (по желба)
12 големи јајца
500 мл млеко
Една лажичка сенф
Малку црн бибер
150 гр издробено фета сирење

Подготовка:

Ја пуштаме рерната да се загрее на 190 степени Целзиусови. Плехот за печење го премачкуваме со маслиново масло.

Во голема тава загреваме масло за пржење на средна топлина. Додаваме кромид, црн бибер и пола лажичка сол. Запржуваме со повремено мешање, додека кромидот не омекне, или околу 5 минути.

Ги додаваме спанаќот и лукот и пржиме уште околу 3 минути. Ги тргаме состојките од оган и го вмешуваме копарот. Ја префрламе добиената смеса во плех за печење и распоредуваме рамномерно.

Во поглем сад ги ставаме јајцата, млекото, сенфот, уште една лажичка сол и бибер и мешаме додека да се соединат сите состојки.
Добиената смеса ја прелеваме врз првиот слој од спанаќ и кромид. Рамномерно наросуваме од издробеното фета сирење.

Го ставаме јадењето да се пече во рерна сè додека не добие убава златно-кафеава боја. Пред да почнете да сечете, добро е да го оставите пет минути да се олади.