Состојки:
400 гр. бисквити
1 филџан млеко
1 филџан вода
шеќер од 200-300гр
1 чоколадо за готвење
1-2 лажици какао
½ коцка маргарин
Подготовка:
Додека се зоврива млекото заедно со шеќерот, се кршат бисквитите во поголем сад. Потоа во зовриеното млеко се додава маргаринот, чоколадото и какаото. Сето тоа се меша и се додава во садот со бисквитите. Кога ќе се добие смесата се формира ролат со помош на најлонска фолија. Се остава да се олади и потоа може да се сече.
Добар апетит!