Бројни санкции за скопските возачи за непочитување на сообраќајните прописи

194 мерки се изречени на територијата на град Скопје, при засилената акциска сообраќајна контрола, која била извршена вчера од страна на МВР. 

Од вкупно 194 мерки, за возење повеќе од дозволената брзина се изречени 20 санкции, потоа 16 мерки за возење без возачка дозвола, три мерки за возење под дејство на алкохол. Изречени се 10 мерки за нерегистрирани возила, три санкции за возач почетник, 10 санкции за користење мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Засилените акциски контроли продолжуваат, информираат од МВР. Од таму со апел  до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот.