Бројни екипи на терен - Темелно се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Денес, град Скопје е целосно мобилизиран, темелно се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. 

Ова го соопшти градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. 

Како што рече, сите јавни претпријатија се вклучени во сеопфатна и темелна акција за чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ - срцето на македонското здравство, кое секојдневно го посетуваат илјадници граѓани од сите делови на државата.

- Оваа акција е директен одговор на оправданите реакции и забелешки од граѓаните за долгогодишната негрижа кон овој исклучително важен комплекс.  Местото каде што се лекува народот мора да биде чисто, безбедно и достоинствено.  Се перат и чистат улиците и паркинзите, се сече и отстранува опасната вегетација, се чистат сливниците, се метат сите површини со специјализирани возила и се подига кабастиот и комуналниот отпад.  Секој агол се уредува со цел Клиничкиот центар да добие лик каков што заслужува, извести Ѓоршиевски. 

најави дека ваквите акции ќе продолжат и во иднина.