Британскиот амбасадор: Новите извештаи сугерираат дека корупцијата во Македонија се влошува

Метју Лосон, амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, на неговиот официјален профил на Твитер објави дека Македонија мора да се справи со корупцијата.

Лосон предупреди дека неодамнешните извештаи сугерираат дека корупцијата во Македонија се влошува.

-Неодамнешните вознемирувачки извештаи сугерираат дека корупцијата во Северна Македонија се влошува, а не се подобрува. Корупцијата го поткопува владеењето на правото, создава недоверба во судството и ги ослабува јавните институции. Обединетото кралство ја поддржува Северна Македонија. Апсолутно е клучно справувањето со тоа, напиша Лосон.