Боже, спаси ме од наивното уверување дека во животот сè мора да оди глатко глатко

Оваа малку позната молитва ја напишал Антоан де Сент-Егзипери во еден од најтешките периоди во неговиот живот. Таа нè потсети на она што е навистина важно во животот и длабоко ги допре нашите умови и душа, па решивме да ја споделиме и со вас. Прочитајте и споделете!

„Боже, не сум молел за чуда и провиденија, само те молам за сила во секојдневниот живот.
Научи ме на уметноста на малите чекори.
Направи ме попаметен и поснаодлив, такашто ќе можам да ги пронајдам важните откритија и искуства во разноликоста на животот.
Помогни ми подобро да го искористам своето време.
Дај ми да видам што е важно во животот, а што не е.
Те молам за силата на дисциплината и умереноста, да не трчам само низ животот, туку да живеам разумно и да ги препознаам неочекуваните уживања и висини.
Спаси ме од наивното уверување дека сè во животот мора да оди глатко.
Дозволи ми трезвено да препознаам дека тешкотиите, неуспесите, грешките и застоите ни се дадени во животот само за да растеме и созреваме.
Прати ми ја вистинската личност во вистинскиот момент, која ќе има доволно храброст и љубов да ја зборува вистината.
Знам дека многу проблеми сами ќе се решат, затоа те молам да ме научиш на трпение.
Ти знаеш колку ни се потребни пријателите.
Направи ме достоен за тој најубав, најтежок, најризичен и најкревок животен дар.
Дај ми доволно фантазија за да можам со некој да споделам малку топлина, на вистинско време, на вистинско место, во вистинско време, со зборови или молк.
Поштеди ме од стравот дека пропуштам нешто во животот.
Не ми го давај она што го сакам, туку она што ми треба.
Научи ме на уметноста на малите чекори.“

¬ Антоан де Сент-Егзипери