Борче Стаменов: Едноставно не можам да се помирам со фактот дека живееме во комплетно нефукционална држава

Кавадарчанецот Борче Стаменов, познат на јавноста, по хуманата мисија за обезбедување на компјутер за секое дете, преку фесјбук статус го искажа својот револт за случувањата во земјава. 

-Во овакви денови избегнувам социјални мрежи. Една работа е што едноставно не можам да се помирам со фактот дека живееме у комплетно нефукционална држава и јас како поединец и покрај цел личен агнажман не можам ништо да направам, пишува тој. 

-Држава каде за одредена сума можеш да положиш возачки испит иако појма немаш од возење. Држава каде и технички преглед се минува со шише џејмисон. Држава каде ако не му дадеш пестовче на болничарот, твојот татко или мајка или роднина нема да добие вода. Држава каде за продажба на марула ќе лежиш повеќе затвор од оној кој усмртил некого ама познава некој кој е на позиција. Одвратно руиниран и искривен систем кој нема да се оправи уште многу време. И од друга страна ги имаш оние на кои им е многу поважно дали веста која сите не потресе го содржи зборот "Северна". Дали изгореле повеќе албанци или македонци или бугари или роми. И се пењават по социјални мрежи додека некој не знае дали родителот, детето, внукот, сестрата, братот, чичкото, дедото се во преживеаните. Цел ден сум со нагони на повраќање. Искрено, многу жалам што сум се родил тука, вели во својата објава Стаменов за кого целиот свет се заинтересира откако со години наназад поправа стари компјутери и ги донира на деца од социјално ранливи категории.