Бора Чорба, ме потсетува на мојата прва љубов - Фановите се простуваат од музичката легенда

Фановите на социјалните мрежи се простуваат од легендарниот рок музичар Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на бендот „Рибља Чорба“, кој почина на 71-годишна возраст.

Познат по своите остри и директни текстови, Бора остави длабока трага на музичката сцена во Србија и пошироко на Балканот.  

- Се одјави и Бора Чорба Човек кој со своите текстови беше 40 години пред времето. Човек кој и тоа како го одбележа времето на нашата младост и остави зад себе незаборавни хитови кои на секому од нас му се дел од некој убав момент за сеќавање. Човек кој сите го слушаа и било каде кога ќе се запееше негова песна сите ја пееја на цел глас… така и ќе остане уште долги години. Светол ти пат легендо! - напиша еден негов фан. 

Има и споделени сеќавања за она што легендарниот музичар го има изјавено за Македонија.