Бомба кашикара пронајдена во двор во Хиподром

На 22.06.2020 во 16:30 часот во СВР Скопје, Р.Ј. од Скопје пријавил дека во сопствениот двор во населба Хиподром  при извршување градежни работи во шахта пронашол експлозивна направа.

Полициски службеници од Полициска станица Гази Баба излегле на местото на настанот и констатирале дека се работи за неактивирана рачна бомба М-75(кашикара).

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Експлозивната направа е подигната од местото на настанот од Единицата за aнтитероризам при МВР за понатамошна постапка.