Боки 13: Јас и Наќе сме осудени за исто кривично дело, само разликата е што Наќе е фатен со пари, а кај мене пари не се најдени

Лавина рекции предизвика спогодбата на поранешниот врховен судија Наќе Георгиев и Иџет Мемети кој се спогоди со обвинителството. Еден од тие кои реагираше е и Бојан Јовановски – боки 13. Тој на својот Фејсбук напиша дека тој и Наќе се се осудени за исто кривично дело само што разликата е што кај него пари не се пронајдени.

„Баш одлично!!!

Јас бев осуден на казна затвор од 9 години за кривично дело : Примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.7 в.в. ст.3 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик. Запретената казна затвор за ова кривично дело е од една до десет години!

За истото ова кривично дело денеска врховниот судија Наќе Георгиев, признал вина, се спогодил и добил казна затвор од три години, а вчера за истото дело Иџет Мемети добил условна казна и забрана за вршење на дејност!

Во насока на ова, значи јас и Наќе сме судени за исто кривично дело, само разликата е тоа што Наќе е фатен со пари, а кај мене пари никогаш не биле фатени, ниту најдени!!! И уште поважно Наќе и Иџет биле ВРХОВЕН СУДИЈА и ЧЛЕН НА СОВЕТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ, ПА ОТТУКА СОГЛАСНО НИВНИТЕ ФУНКЦИИ МОЖЕЛЕ ДА ГО СТОРАТ ОВА КРИВИЧНО ДЕЛО СО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА НИВНОТО ПРЕТПОСТАВЕНО ВЛИЈАНИЕ И ДА ВЛИЈААТ ( што е главен елемент за исполнување на битието на предметното кривично дело )!!!

Едно прашање за правните умови, но и заради здрава логика: А со кое претпоставено влијание сум влијаел јас (заради што сум осуден на 9 години), кога не сум бил ни судија, ни функционер, ни премиер односно не сум бил никакво избрано лице - функционер со реален авторитет како што е предвидено во текстот на конкретното кривично дело?!?

Во приказнава за Наќе и Иџет мене ми фали и некој трет, на пример на кого му влијаеле, каде и што и на кого интервенирале за правно олеснување на Боро Малборо…? Бидејќи ако нема трет во приказнава на двајцава “угледни граѓани” Наќе и Иџет треба да им се суди за Измама од КЗ или пак сигурно има и трет и четврт во приказнава ама се сокриени и непознати, па затоа спогодобиве и казните се вакви од благи, поблаги?!?

Оттука сосема за крај, Предлог – Спогодба како институт се користи при постоење на признание за вина, и тоа е законско право и не е спорно, но спорно е колку овој институт е злоупотребуван во изминатите години и колку матни спогодби со смешни казни за сериозни криминали се постигнати и најспорно од сѐ, под чии патронат се направени и кој примил награди за таквите спогодби и казни???

Ова се пародоксите, јас како цивил 9 години без најдени пари и без докажано дело, а Наќе 3 години, Иџет условна казна, фатени со пари и со докажано дело, а двајцата на најсериозни функции, бравоо!

Да не е трагично, ќе биде многу смешно!“ стои во објавата кај Боки 13.