Бојкот во ООУ „11 Октомври“ во Центар, причината е префрлање на насилно дете од друго училиште

Родителите на учениците од прво до четврто одделение од ООУ „11 Октомври“ во Центар денеска не ги пуштија своите дечиња во училиште. Ваквата одлука била донесена во знак на протест откако е префрлен ученик со насилно и проблематично поведение од друго училиште.

Одлуката за ваквата реакција на родителите е донесена од Советот на родители и притоа посочуваат дека таквите насилни настани ќе се повторат и во новото училиште.

Ситуацијата ескалирала кога се дознало дека насилниот ученик кој бил претходно отпишан од друго училиште следел девојче во тоалет, по што го нападнал.

Наставничката која била сведок на настанот го потврдила инцидентот, по што се презеле мерки за негово префрлање.

Министерството за образование потврдило дека постои препорака од Центарот за социјални работи за префрлање на ученикот во новото училиште. Родителите најавуваат дека во случај на игнорирање на нивните барања, на бојкотот ќе се приклучат и учениците од петто до осмо одделение.