Богдановски: Дојавите за бомби не се детска игра, без странска помош не може да го решиме проблемот

Универзитетскиот професор Марјан Богдановски за „Студио 10“ на „ТВ24“ кажа дека целта на дојавите за бомби е нарушување на целокупниот живот во Македонија, но и создавање на напнатост, страв и недоверба во институциите.

Богдановски при гостувањето во „Студио 10“ кажа дека ова не е детска игра и на Македонија ѝ треба странска помош за решавање на проблемот.

- Не знам кој стои зад ова, но знам дека ова не е детска игра, туку се обучени хакери кои сакаат Македонија да биде вознемирена. Секогаш постои можност некоја закана да биде реална. Тоа не може да се предвиди, но мора да се заврши што е можно побрзо. Ние сме членка на НАТО, граѓаните се вознемирени и ни треба странска помош за да се реши проблемот, кажа Богдановски.