Богата наградна игра од кафе „Паскалин“: Кафе со вкус, награди со вкус

Сите уживачи на најдоброто кафе „Паскалин“ од 18 Април имаат можност да добијат една од 20 илјади вредни награди. Педесет електрични тротинети и други 19.950 вредни награди чекаат на љубителите на најквалитетиниот вкус и мирис, љубителите на кафето „Паскалин“. Најдобрите арапски зрна кафе кои се омилениот избор на добрите познавачи, патем омилени и на нашите супер ѕвезди како Каролина и Лозано уште повеќе ќе израдуваат тројца добитници со три Fiat 500 автомобили. Во наредниот период од речиси една година , „Паскалин“ ќе награди повеќе од 20 илјади потрошувачи.

 „Во оваа игра посебни услови нема; ваше е да им верувате на сетилата, а добитниот жетон за вредна награда ќе ве чека во внатрешноста на некое од пакувањата. За шоља кафе и подарок, секогаш е вистинското време. А, со добро кафе, секој е добитник. “, велат од „Паскалин“.

Да се работи со најдобрите, во исто време е предизвик и привилегија. Истрајноста и професионалниот пристап, тоа е она што ги спојува „Паскалин“ како докажан бренд и соработниците кои ги избира. Каролина и Лозано се дел од врвните професионалци на нашата сцена, а кога зборуваме за посветеност во професијата, тогаш неминовно е да споменеме колку внимателнност е потребна за да се опстои на врвот. Високо развиеното чувтсво за потребите на крајните потрошувачи и нивно задоволување е еден од приоритетите во работењето на бренд како „Паскалин“. Постојаната возбуда, наградувањето на лојалноста и богатиот фонд на награди,  го докажуваат истото.

Големата наградна игра која е во тек,  ќе трае се до 17 Април, 2023. 20 илјади вредни награди меѓу кои електрични тортинети и три автомобили чекаат на вас. Отвори и освој, со кафе „Паскалин“.