Бог секогаш има план за тебе!

Мислиш дека е готово. Мислиш дека си влегол во слепа уличка и дека нема излез. Но, не е така. Никогаш не ни било. Бог секогаш е тука за тебе и ти го чува грбот.

Можеби не го гледаш, можеби не го слушаш, но Тој секогаш ќе ти отвора врати баш кога најмногу ќе ти биде потребен. Кога ќе го допреш дното и кога ќе мислиш дека работите не можат да бидат полоши, Бог ќе се појави, Бог ќе те спаси. Тој ќе ти ја покаже среќата која не си ни знаел дека постои и тоа баш кога ќе се чувствуваш најлошо, во моментите кога не сакаш да станеш од кревет затоа што ти е преку глава од сѐ.

Бог нема да ти одземе ништо без да ти даде нешто пдообро. Но, ние обично не го гледаме тоа во моментот. Во тие моменти сме лути и гневни сме на сѐ и на сите. Се сомневаме во Неговото постоење и велиме дека повеќе не веруваме во него. И кога конечно ќе се случи нешто добро, сфаќаме дека баш тоа сме го чекале. И тогаш, коцките се поклопуваат. Тогаш сѐ добива смисла. И тогаш сфаќаш што се обидувал Тој да направи уште од самиот почеток.

Бог те знае подобро од кого било. Бог знае кога си подготвен да преминеш во следната фаза од твојот живот. Можеби ти мислиш дека не си, но Бог знае дека си. Тој секогаш има план за тебе. Тој секогаш за тебе има скриено една малечка врата за да поминеш во некоја следна етапа од твојот живот, подобра етапа, посреќна етапа. Финтата е во тоа што не можеш да го видиш тоа во моментот. Не ни треба да го видиш. Не си невидлив за Бог. Тој ја слуша секоја молитва, секоја мисла. Ако мислиш дека тој не одговара на твоите молитви – грешиш. Можеби не те носи баш на патот по кој ти сакаш да одиш, но мора да знаеш дека Тој никогаш не греши. Тој знае што е најдобро за тебе и како да те направи среќен, едноставно мораш да се опуштит и да Му веруваш.

Ако се молиш за пријателство и љубов, но твоите пријатели се оддалечуваатод тебе, не значи дека не те слуша, само се обидува да те оддалечи од луѓето кои те исцрпуваат, кои се преправаат дека те сакаат. Кога се молиш за љубов и потоа некој ти го скрши срцето, тоа значи дека таа личност не била вистинската личност за тебе. Тоа значи дека Тој мисли дека заслужуваш подобро.

Бог сака да знаеш колку може да биде непредвидлив животот. Тој сака да те научи како да се бориш за себе. Тој сака да преживееш сѐ и да го почувствуваш секое чувство, од среќа до тага. Тој сака да научиш што е можно повеќе. Тој знае дека ти можеш да се соочиш со сѐ. Но, тој никогаш нема да те остави и нема да дозволи сам да чекориш низ животот, без ничија помош. Тој сака да знаеш дека сите работи се менуваат, но не и Неговата љубов за тебе или за кој било од нас.