„Боемот“ на Инстаграм: 7 факти зошто Александар Трајковски е подобар од Кристијано Роналдо!

Во пресрет на вечерашниот фудбалски меч меѓу Македонија и Португалија, „Боемот“ на Инстаграм споделува 7 факти зошто Александар Трајковски е подобар од Кристијано Роналдо:

1. Александар Трајковски има дадено гол во 92 минута против Италија во бараж за светско, Роналдо нема
2. Александар Трајковски е Македонец, Роналдо не е
3. Александар Трајковски има изиграно добар натпревар за Мајорка, Роналдо нема
4. Роналдо има изиграно лош натпревар во Премиер Лига, Трајковски нема
5. Роналдо ги има разочарано фановите на Манчестер Јунајтед при лош натпревар, Трајковски ги нема
6. Првото име на Трајковски е „Александар“ што потсеќа на Александар Македонски и е далеку подобро од Кристијано
7. Александар Трајковски доаѓа од Драчево што е далеку попопуларно од Мадеира од каде што доаѓа Роналдо

Трајковски е људина и моментално се истакнува како најдобар напаѓач во нашиот тим. Да му дадеме ветер во грб и да се молиме да ги закопа и Португалците во 92 минута. Амин! - пишува тој во својот пост со кој ги борди македонските фудбалски имиња во очекување на големата фудбалска победа која ќе нѐ однесе на Светското првенство.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Боемот 2.0 (@boemot2.0)