Бочварски платил казна од 150 евра за вработувањето на сопругата и нејзината сестра во штипската болница

Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски платил глоба од 150 евра поради вработувањето на неговата сопруга како доктор во државното здравство. Државната комисија за спречување на корупцијата го казнила Бочварски бидејќи не пријавил дека таа се вработила во штипската болница. Таму се вработила и балдзата на Бочварски, сестра на неговата сопруга. Двете, биле преземени од приватна болница со работен стаж од неполни три месеци.

Истрагата на ДКСК покажала дека вработувањето на двете штотуку дипломирани докторки го побарало Министерството за здравство бидејќи недостасувал кадар во болницата. Со тоа се согласиле министерот за здравство и фондот, а желба да преминат од приватно во државно здравство имале и докторките.

Антикорупционерите го казниле министерот иако утврдиле дека без да прекрши ниту еден закон успеал за кратко време да ги добие сите дозволи, па дури и да обезбеди позитивно мислење од Министерството за здравство.

Сорпугата и нејзината сестра биле примени во државното здравство, еден месец пред владата да донесе заклучок дека медицинскиот персонал може да се преземе од приватното во јавното здравство.

Констатирано е дека Благој Бочварски не постапил и за конректни вработувања и не ја известил Антикорупциска. Паричната казна Бочвараски ја платил и тука завршува постапувањето на Антикорупционерите. Сега, Комисијата ќе прави и дополнителна анализа за заклочоци од владината седница да бидат норма во законот за здравствена заштита.