Бобан од Авалон за Јонче Христовски: Тој е најголем македонски композитор и текстописец на сите времиња, а никој ниту да го спомне или одбележи

Бобан Милошески, еден од сопствениците на „Авалон Продукција“, преку Фејсбук профилот „Avalon International Booking“, сподели објава во која реагираше на третманот кон една од најголемите легенди на македонската песна, Јонче Христовски.

Како што вели, случајно видел дека на 5 април, бил денот кога Јонче Христовски нѐ напуштил, а овој датум поминал без никакво спомнување и одбележување и било сосема нефер спрема некој што оставил толкаво творештво и наследство.

„Сосем случајно, видов дека пред неколку недели, на 5 април е денот кога нѐ напуштил Јонче Христовски. Спомнување, одбележување... нула! Па вака, ако спрема некој човек, неговото творештво, значење и "legacy", сме како држава нефер - тоа е сигурно, Јонче! Сега да направиме анкета: кој ги напишал „Македонско девојче“ и „Ој, Вардаре македонски“, 90% луѓе ќе ви речат - тоа се народни песни!!! А, тие песни ги знаат 90% жители на Балкан, и по нив сме најпрепознатливи! А , Едно име имаме“, а „Ај засвирете ми чалгии“?! А, „Ако умрам ил' загинам“!!! Да не живеете во заблуда - Јонче е најголем македонски композитор и текстописец на сите времиња, и еден од најголемите на Балканот! Време е... неправдата да се исправи, и сите да го дознаат тоа!“, гласеше објавата на Бобан Милошески.