Благој Чоревски лауреат на наградата „Васил Иљоски“

Македонскиот актер Благој Чоревски е лауреат на наградата „Васил Иљоски“ на годинешниот Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“. 

Фестивалот го организира Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, а на Чоревски наградата ќе му биде врачена на самото отворање на фестивалот, кое ќе се одржи на 28 септември. 

Благој Чоревски е еден од најистакнатите актери во земјава. Роден е во Велес во 1947 година. Завршил Театарска академија во Софија во 1971 година. Член е на Драмскиот театар од 1971 година каде бил директор од 1983 до 1998 година. Настапувал во многубројни театарски претстави, филмови, ТВ серии.