Благодарница за Општина Кисела Вода за успешна соработка со полицијата

Благодарница за успешна плодна соработка доби градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски од страна на командирот на ПСОН Кисела Вода Љупчо Ѓурчевски, по повод Денот на полицијата, 7 Мај.

Во просториите на Општината тие оствариле средба на која дискутирале за досега сработеното, како и за она што во моментов е најактуелно, преземените заеднички чекори за справување со ширењето на Корона вирусот и заштитата на граѓаните.

Градоначалникот Темелковски, како што соопштија од Општината, ја потенцирал својата подготвеност за понатамошна соработка, како и за планираните заеднички проекти со полицијата, со цел поголема безбедност, нејзино доближување до граѓаните и стекнување на поголема доверба во институциите на системот.