Блага пита со готови кори за баклава

Нема ништо подобро од рецепт за десерт кој брзо се прави и сите состојки веројатно веќе ги имате дома.

Состојки:

Едно пакување кори за пита/баклава
220 гр путер
200 гр шеќер
250 мл млеко
2 јајца
Еден ванилин шеќер
Неколку капки екстракт од ванила

Подготовка:

Подгответе ја тавата за печење. Намачкајте малку масло за готвење или путер. Рерната загрејте ја на 200 степени. 

Земајте по две кори и „диплете“ ги како хармоника. Редете ги свитоците едни до други, додека да се наполни тавата за печење. Ставете во рерна 6-7 минути, па намалете на 180 степени. За тоа време растопете го путерот и рамномерно прелијте врз загреаните кори. Вратете да се пече уште 10-12 минути. 

Во меѓувреме изматете ги јајцата со шеќер и млеко, па додајде ја ванилата. Прелијте врз корите и вратете да се пече уште 30 минути. 

Бонус: Откако е испечено, можете да прелиете со густ шербет, но е вкусно и без него. Ако се одлучите, ставете млак шербет врз топла пита. Можете да премачкате и со прелив од карамел.