Битолчанец осомничен дека во неколку наврати силувал 12-годишно девојче

Обвинителството од Битола почна истрага против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава неколку пати силувал 12-годишно девојче.

Контактот со детето бил воспоставен преку социјалните мрежи, каде што осомничениот и детето претходно се допишувале.

Покрај делото силување, против 36-годишникот се води истрага и за прикажување на порнографски материјал на дете.

Поради опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, но и да влијае врз оштетената и нејзиниот исказ и врз други сведоци, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор