Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски на денешната прес-конференција каа дека цената на струјата за домаќинстава од 1 јануари ќе се зголеми за 0,92 проценти.
Во првиот блок, како што наведе, зголемувањето е 0,68 проценти, во вториот за 0,9 проценти, во третиот за 1,93 проценти, во четвртиот за 2,24 проценти, додека во евтината тарифа за 0,9 проценти. Бислимовски посочи дека барањето на ЕВН хоум било цената на струјата за домаќинствата да биде за 4,4 проценти поскапа.
„Тоа значи дека едно просечно домаќинство во државата кое има сметка од 2300 денари, зголемувањето ќе има зголемен трошок од 21 денар. Единствената разлика која постои меѓу тоа што сега го одобривме и тоа што го достави ЕВН е во однос на факторот на корекција и за да обезбедуваме ценова стабилност и цени кои ќе имаат минимално влијание врз вкупните трошоци за електрична енергија на граѓаните постапивме на овој начин. Како што ветивме, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата се зголемува за 0,92 проценти, рече Бислимоски.