Биле испукани 50 куршуми, но истрага не може да се отвори зашто не се познати напаѓачите, вели Бубевски

Основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски во емисијата „360 степени“ на „ТВ Алсат“ откри дека околу 50 куршуми завршиле во телата на двајцата убиени во Старата скопска чаршија.

Во пресметката загинаа Јетон Кривањева и Енес Исени, а Бубевски кажа дека околу 50 куршуми се пронајдени околу телата, а засега ги имаат само информациите кои се и јавно достапни.

- Испукани се околу 40-50 куршуми. Најголем дел од куршумите завршиле во нивните тела. Кога ќе дознаеме кои се извршителите и кои се нарачатели на ова кривично дело, тогаш се отвора истрагата и продолжува формалната постапка што си има свои посебни правила за постапување, кажа Бубевски.