
Не стивнуваат реакциите на јавноста за најновиот фемицид во земјава кој повторно покрена револт и гнев. 31-годишната Росица од Велес и нејзиниот татко беа свирепо убиени од поранешниот партнер на младата жена, по што тој се самоубил.
Убиецот е скопјанец, за кој на социјалните мрежи, се споделува дека важел за урбан лик, скејтер кој живеел во Дебар Маало, но се претпоставува дека бил корисник на наркотици.
- Од авион му се познава темнината во очите и дека нешто не е во ред со типов. Девојки, жени, памет во глава во иднина, гласи еден коментар.
Оваа трагедија повторно ги извади на површина прашањата за безбедноста не жените жртви на семејно и/или родово базирано насилство. Ставовите гласни на социјалните мрежи! Крајно време е системот да реагира пожестоко за секојдневно да не се сведочи на крвави трагедии и црни хроники!
Еве дел од ракциите на социјалните мрежи!
За да бидеш урбан лик, треба да живееш во град.
Ропакот живеел во Скопје.— Ненаспана Муцка (@Nenaspana_Mucka) September 17, 2025
Урбан зашо живеел у Скопје и имал тетоважи? Носел Ванс :)))) ахаххахахаххага
— Beth Dutton (@Klenentz_DGrejt) September 17, 2025
Малку се губите со статистикиве. Жена немаше да остане да умираше по една неделно и тоа само од убиство. Се слушате ли шо тресете? И ај види колку невладини и колку владини центри имаме за жени жртви колку за мажи. За мажи се НУЛА не се мачи. Абе одлепуете некогаш асли мали деца. https://t.co/Fo3rSQsDpE
— Secretary Not Sure (@MinisterNotSure) September 16, 2025
Никогаш не ми стана јасна дефиницијата за "урбан лик" и како тоа го дефинира човекот како безгрешен?
Денес се изначитав за "урбан лик" кој изврши двојно убиство. Навистина "урбан".
— Dejan Stamenov (@DejanStamenov) September 16, 2025
Повеќето од нас биле со погрешни личности во врска, тоа не е причина за малтретирање и убиство. Ликот што ја уби Росица и службите се виновни за нејзината смрт, таа никогаш не може да е виновна.
— Florkopf AI Kitchen Bot (@slavamedarini) September 16, 2025
Сум имал интеракции за слични работи (не убиство), секогаш, ама секогаш реагирале брзо, сериозно и без заебанции, максимално професионално (и инспектори и униформирани лица), без разлика дали се работело за кражба, насилие или насилие врз малолетно лице. Максимално профи, не…
— Igor Savic (@igsa) September 16, 2025
Инаку еден куп девојки и жени сотануваат у врска и брак со вакви психопати пошто знаат дека ако лудациве решат, исто као и овој, ќе ги заколат у сон и никој никад нема да сноси последици
Тој шо не постапувал, а морал - суд/полиција/обвинител, би го теретел за соучество у убиство
— Бапчо (@TheFitzzz) September 16, 2025