Биди жена која сака почит

Не е многу тешко да најдеш маж, но тешко е да направиш да остане. Во моментот кога мажот почнува да ја губи почитта кон жената затоа што самата таа ја намалува својата вредност, таа ја губи својата желба да се пронајде себеси.

Постојат жени кои покажуваат дека во сѐ се рамноправни со својот партнер, жени која ја знаат својата вредност и кои едноставно со својот став измамуваат почит од мажите. Овие жени се предизвик и во моментот кога мажот сфаќа дека жената е предизвик за него, мажот сфаќа дека тоа е жена за почит. Тоа е жена која не е секогаш достапна, но сепак нежна, жена која го прави тоа што го сака и знае што сака, но знае и да му удоволи на својот партнер. Мажот нема целосна моќ и контрола врз таа жена и тој ја почитува и ја смета за рамноправна.

Овој однос се создава уште од самите почетоци на врската. Секој маж свесно се обидува да сфати што прави и до каде може да оди во врската и ова е сосема нормално. Мажите секогаш го сакаат она што не можат да го добијат. Кога мажот ќе запознае жена која е ладна и не сосема достапна, таа за него претставува предизвик и ќе направи се за да ѝ го привлече вниманието. Ако жената е несигурна, таа може да биде и најубавата жена на светот, а тој да не биде привлечен. Самодовербата е многу важен дел од привлечноста кај една жена.

Заклучокот од ова е дека никогаш не треба да трчате по маж. Вкусот е субјективна работа. Кога човек ќе се заљуби, најважната работа е вашиот ставот и начинот на однесување (вклучувајќи го и тоа како се однесувате кон себе).

Жените самите ја намалуваат сопствена вредност и се споредуваат со други жени. И секоја друга жена ќе има моќ колку што вие ќе им дозволите. Прво треба да си обрнете внимание сами на себе, а потоа на другите.

Секоја жена која има самодоверба знае која е и знае колку вреди. Тоа е жена на која ѝ е удобно во сопствената кожа. И тоа нема врска со изгледот, ниту со интелигенцијата, туку умешноста на ставот со кој се носи. Ако мажот ве гледа како несигурна, слаба жена на која ѝ е потребен маж за да ја усреќи, тогаш тој најверојатно ќе ве искористи. Без оглед на тоа колку сте убава, ако не знаете како да се однесувате, тој нема да ве почитува. Ако од старт покажете дека вие сте жена за почит, тогаш ќе го излудите и ќе полуди по вас.

Бидете жена која бара почит и која делува несовладливо и ќе привлекувате само добри луѓе во животот!

nike air max 1 sale