Бидете најдобри за себе

Кога ќе сфатите.
Кога ќе прогледате.
Кога работите ќе станат кристално јасни.
Кога ќе се прашате каде ви бил паметот.
Кога ќе се разбудите од кошмарот во кој сте паѓале одново и одново. 

Тогаш ветете си себеси дека оваа лекција била доволна за да научите да се чувате во иднина.
Затоа што никој не може тоа да го направи наместо вас.
Самоодговорноста се учи.
Исто како што нема да излезете голи на снег, така немојте да излегувате со соголена душа помеѓу луѓето. 

Бидете добри кон себе.
Бидете најдобри за себе!