Бидете добри кон другите – не знаете низ што поминуваат

Постои голема вистина во ова. Никогаш не можете да знаете низ што минуваат другите луѓе. Ако мислите дека знаете, се лажете.

Гледате жена во супермаркет и си велите дека е лошо облечена или несредена. Но, можеби тоа е првиот ден кога таа излегла од својот дом поради депресија. Можеби ќе си речете “ништо не и е, ќе и помине”, но немате поим низ што минува таа. 

Можеби ќе видите медицинска сестра која мислите дека не дава сè од себе за да му помогне на член на вашето семејство и која изгледа тажна и расеана. Не ја знаете нејзината приказна, можеби не знаете колку пациенти се нејзина одговорност во целата болница, не знаете колку одговорности има и колку товар лежи на нејзините рамења.

Не знаете што мислат и низ што поминуваат тие луѓе во моментот. Не донесувајте суд, не лепете етикети кога ништо не знаете. Секој од нас води своја тивка битка за која не знаеме многу, или пак не знаеме ништо. 

Престанете да зјапате, престанете да ги превртувате очите, престанете да правите фаци. Секој од нас се бори со тешкотиите на животот на свој начин. 

Ако не можете да им помогнете, барем не им одмагајте. Не им создавајте поголема потешкотија на другите од онаа која веќе ја имаат.

Бидете добри кон нив, не знаете ништо.