Бездомни кучиња ги поздравуваат минувачите на улица Македонија

Глутница улични кучиња ги поздравуваат минувачите на улица Македонија пред куќата на Мајка Тереза.

Има повеќе од десет кучиња кои седат на плочикте пред куќата.

„Искрено не ти е сеедно кога треба да поминеш покрај толку многу кучиња. Мирни се но сепак се животни, непредвидливи се. И покрај тоа што сум љубител на животни, а и дома имам куче, сепак, чувството е непријатно“ – вели  читател на Прес24 кој  ја испратил оваа фотографија.

На потег се градските власти кои согласно законите треба да се погрижат за овие улични кучиња.

 

Фото: Прес24