
Изграден е целосно нов потпорениот ѕид на улица 50 во Бутел.
- Поради одрони и пропаѓање на улицата, неопходно беше да се изврши санација на оштетениот дел и со изградба на овој потпорен ѕид да се спречи понатамошно оштетување на улицата која предизвикуваше небезбедно движење на граѓаните. Со овој потпорен ѕид се обезбеди дополнителна сигурност на објектите на граѓаните и заштита од можно лизгање на земјиштето, информираше градоначалникот на оваа скопска општина Дарко Костовски.
Како што рече тој, овој проект беше едно од најголемите барања на граѓаните од ова населено место кое се реализара.
Најави дека наскоро ќе ја реконструираат и улицата која е оштетена поради лизгањето на земјиштето.