Без вода утрово уште една скопска улица

ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин на водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Гази Баба.

Како што информираат од таму, поради уличен дефект Ф-150 мм на улицата Перо Наков бб (кај Годи), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.