
ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Центар.
Од таму информираат дека поради уличен дефект од ф 80 мм на улицата Мајка Тереза бр.16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Мајка Тереза и дел од Рокомија.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.