
Од РЦУК Скопје информираат дека од ЈП Водовод и Канализација добиле известување дека денеска (04.02.2026) имаат планирани два зафати во водоводната мрежа - во општина Центар и во Чаир.
- Поради уличен дефект на улица Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
- Поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.