Без вода утрово две скопски улици

ЈП Водовод и канализација известува дека денеска прекин на водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците во општина Карпош.

Како што информираат од таму, поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улица Јосиф Михајловиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Јосиф Михајловиќ и Атанас Бабата.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.