
ЈП Водовод и канализација известува за прекин во водоснабдувањето на корисниците од село Моране и викенд населбата Моране.
Од таму информираат дека поради промена на противпожарен хидрант (ППХ) Ф80мм на улица 1 бб кај кружниот тек во село Моране, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од селото и викенд населбата Моране.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.