
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден денеска со прекин во водоснабдувањето ќе бидат делови од општините Аеродром и Центар.
- Поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа ф-150мм на улицата Божидар Рајковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Божидар Рајковиќ и дел од Горно Лисиче.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
- Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф200мм. на улица Партеније Зографски 49, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Партеније Зографски.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.