
ЈП Водовод и канализација известува дека прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат и дел од корисниците на населбите Лисиче и Драчево.
Како што информираат од таму, поради уличен дефект на улицата Тодор Чангов 81, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така, поради уличен дефект на улицата Сердарот 31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Сердарот, дел од Драчевска, Речиште и Партизански Пат. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:10 часот до завршување со санација на дефектот.