Без вода утре седум скопски улици и едно село

ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин на водосанбдувањето ќе бидат повеќе улици од општина Гази Баба и две улици од општина Центар.

Како што информираат од таму, поради реконструкција на водоводна мрежа Ф250 мм и промена на шибер Ф250мм на улица Среќко Пужалка бр.67 Б, општина Гази Баба, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Среќко Пужалка, Жегљане, Фуштанска, Товарник, Јужноморавски бригадии и село Стајковци.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активностите.

Исто така, поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Кеј 13-ти Ноември бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Истарска и Маџирмаало.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.