Без вода утре повеќе објекти во центарот на Скопје

Од РЦУК Скопје информираат дека од ЈП Водовод и Канализација добиле известување дека утре (14.01.2026) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и врски, како и Управата за издавање на матични книги. 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата