
ЈП Водовод и канализација известува дека утре (09.01.2026) поради уличен дефект на улица Васил Ѓорѓов бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од Киро Глигоров, дел од Козара и Заводот за физикална медицина и рехабилитација.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така, за утре, поради дефект на затварач (шибер) Ф100мм. на улица 5 бр.47 село Моране со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од општина Зелениково и дел од село Моране.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.