Без вода утре дел од корисниците кај булеварите „Србија“ и „Киро Глигоров“

Без вода утре ќе останат корисниците од хотел „Хилтон“ на булевар „Србија“ и од булевар „Киро Глигоров“ – Салон на Мерцедес, ФОН, Бриколаж, Славија и Нептун, а со намален притисок ќе бидат корисниците од населба Маџари, Хиподром и Синѓелиќ.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, поради уличен дефект ф 500 мм на булевар „Киро Глигоров“ кај ФОН, прекинатото водоснабдување ќе биде од 06 часот до санирање на дефектот.