Без вода утре дел од една скопска општина

ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Дебар Маало.

Од таму информираат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата „29-ти Ноември“ 59, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со работните активности.