
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Центар.
Како што информираат од таму, поради изведување на водоводен приклучок ф-80мм на улицата Ѓорѓи Абаџиев 17, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.