Без вода уште две скопски улици

Од скопски Водовод информираат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф200мм на улица Борис Трајковски бр.23, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улиците Борис Трајковски и Народни Херои.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:15 часот до завршување на работните активности, појаснуваат од ЈП Водовод и канализација-Скопје.