Без вода попладнево дел од скопско

ЈП Водовод и канализација известува дека попладнево со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Сопиште.

Оттаму информираат дека поради уличен дефект ф-160 милиметри на улицата „1“ Сопиште (кај црква св. Мина), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Добри Дол и Ракотинци.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 15:00 часот до завршување со санација на дефектот.