Без вода неколку делови од општина Кисела Вода

Неколку делови од општина Кисела Вода денеска ќе бидат без вода поради поврзување од стара во нова мрежа.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека денеска, поради преповрзување од стара на нова мрежа за улицата Димо Хаџи Димов со раскрсницата со улицата Народни херои, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Димо Хаџи Димов бр: 72 и бр: 74 од 8.30 до завршување на интервенцијата во општина Кисела Вода.