
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска напладне со прекин во водоснабдувањето ќе бидат Зелениково и делови од Студеничани.
Оттаму информираат дека поради уличен водоводен дефект од Ф400 милиметри на улица „5“ бб Студеничани (кај Кипер), со прекинато водоснабдување ќе бидат Село Морани, Викенд населба Моране, Фабрика Фруктал, Општина Зелениково и дел од корисниците од село Студеничани.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:40 часот до завршување на работните активности.