Без вода на +40 степени овие делови од Скопје и околината

Од скопски Водовод со известување за прекини во водоснабдувањето денеска во градот и околината. 

Поради уличен водоводен дефект на цевка Ф80 мм. на улица Георги Попхристов бр.11, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улица Георги Попхристов. Прекинот ќе биде од 09:20 часот до завршување на работните активности. 

Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф1 цол. на улица Партизански Пат бр.73, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улица Партизански Пат, Илија Ристевски и село Три Круши. Овој прекин е започнат од 09:15 часот и ќе трае до завршување на работните активности.