Без вода и струја делови од општините Центар и Карпош

Без вода денеска неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Центар и Карпош.

Од ЈП Водовод и канализација информирааат дека поради изведување водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул.„Васил Стефановски“ бр.30 од 9 часот до завршување на активностите без вода ќе останат корисниците од улиците „Васил Стефановски“, „Роза Луксембург“, „Петар Поп Арсов“ и „Костурски херои“, како и дел од корисниците од улиците „9 Мај“ и „Христо Смирненски“ во општината Центар.

Без вода утре во периодот од 08.30 до 13.30 часот ќе останат корисниците од ул. „Скупи“ – крак 1, 3 и 5 во општината Карпош. Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок од ф – 150 мм на ул.„Скупи“ б.б.

Без електрична енергија денеска неколку часа ќе бидат корисниците од делови од општините Кисела Вода и Центар.

ЕВН Македонија АД, известува без струја од 08.30 до 12.30 часот ќе бидат објектите на бул. „Борис Трајковски“, лоцирани пред каналот Усје, како и објектите лоцирани пред и зад станицата за технички преглед ПСС во општината Кисела Вода. Во периодот од 08.30 до 13.30 часот, без струја ќе бидат објектите во рамки на поранешна Стаклара, како и објектите во нејзина близина на кои напојувањето со електрична енергија им е од поранешна Стаклара во општината Кисела Вода.

Во периодот од 10 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Кукушка“ во општината Центар.