Без вода денеска повеќе улици од Центар, струја ќе нема во Карпош, Аеродром и Центар

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека:

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници: 

- од 09:00 до 13:00 часот, дел од потрошувачите на улиците: Драгутин Аврамовски Гуте, Иван Цанкар и Вангел Дину. (Општина Карпош)

- од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од бул. АСНОМ бр. 9 и бр. 13 и ул. Фебруарски Поход бр. 34 и бр. 36. (Општина Аеродром)

- од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Стив Наумов бр. 102 Г и бр. 102 Д . (Општина Центар)

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека: на ден 16.02.2022 година (среда) :

-Поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на Тетовска 33, од 09:00 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Тетовска, Стив Наумов, Раде Јовчевски Корчагин и Јосиф Јосифовски Свештарот како и објектите на амбулантата и полициската станица. (Општина Центар)

-Поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на Мирче Мацан бб, од 09:00 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и потегот од ул. Светозар Марковиќ до Кеј 13-ти Ноември ( Дрво Декор) . (Општина Центар)